
Со голема посветеност и максимална ангажираност го отпочнавме проектот брана Речани на Оризарска река, со што започна да се реализира деценискиот проект за изградба на браната, истакна кандидатот за градоначалник на Кочани Ратко Димитровски од редовите на ВМРО ДПМНЕ, од локацијата каде што ке се гради идната акумулација.
-Од страна на Општина Кочани е подготвена целокупната документација и сите потребни геотехнички и геомеханички истражувања. Се започна со пробивање и асфалтирање на пристапен пат од шест километри за кој се изградија и потпорни ѕидови со должина од еден километар, истакна Димитровски.
Акумулацијата Речани, истакна тој, е со капацитет од 23 милиони метри кубни вода, избран е изведувач на работите, а вредноста на целиот прокет е 36 милиони евра. Акомулацијата треба да биде готова до 2021 година.
Новата акумулација ке обезбедува чиста вода за пиење за над 80 илјади жители од Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, а ќе служи и за наводнување на 2.500ха земјоделски површини во Оризарско поле.