![]()
Конечно после две години доаѓаме во момент во кој што барем очигледно четирите најголеми политички партии, а и независните пратеници некако консензуално се согласија да се одржат предвремени парламентарни избори во Република Македонија, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, пренесе а1он.
– Тоа е очекувана одлука заради тоа што македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, не заслужуваат онаква дестабилизација каква што беше приредена. Граѓаните не заслужуваат, не поддржуваат и не прифаќаат рушење на институциите на државата онака како што имаше обид да се направи тоа. Граѓаните не прифаќаат нити обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку така наречени експерти, а всушност бивши министри од владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување на страв дека банките во Македонија штотуку не пропаднале, рече Димовски.
Според него, граѓаните нема да поддржат пазарење со внатрешните меѓуетнички односни.
Целиот текст можете да го прочитате тука