Новинари на Би-Би-Си се нашле под оган во Украина, снимајќи група волонтери како доставуваат храна во селата на југот на земјата.
„Одиме во област каде што луѓето се под тешка окупација и многу страдаат“, изјави волонтерот Серхиј Старостин за Би-Би-Си на патот кон селото. Тоа беше првиот круг на помош што стигна до градот за три недели.
Кога волонтерот покажал кон испораката на помош, почнало пукањето. Во нивна близина експлодирала ракета која доаѓала од правец на руските сили, а потоа уште една.
Потоа се гледа како новинарите и волонтерите бегаат кон автомобилите.
„Си заминуваме од Милово. Нападот штотуку започна. Тоа е силен оган, никогаш не сум слушнал такво нешто“, рече волонтерот Костјантин Титаренко.
За среќа, никој не е повреден во нападот на селото Милово.
Како што сведочеа репортерката Викторија Јохан и снимателот Кевин Мек Грегор минатиот месец, работата често се приближува до тоа да ги чини живот, пишува Би-Би-Си.