Доналд Трамп положи заклетва за својот втор мандат како претседател на САД.
Во својот прв говор по заклетвата, Трамп рече дека „златното доба на Америка започнува токму сега“ и дека САД повторно ќе бидат почитувани.
„Нема да дозволиме повеќе да бидеме искористувани. „Јас, многу едноставно, ќе ја ставам Америка на прво место“, рече Трамп.
Новиот американски претседател изјави и дека безбедноста во оваа земја ќе биде вратена.
„Вагата на правдата ќе биде ребалансирана“, посочи Трамп.
„Свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и дека најдобро што можам ќе го зачувам, штитам и бранам Уставот на Соединетите држави“, рече Трамп во својата заклетва. .
Џеј Ди Венс положи заклетва како потпретседател на САД.
Полагањето заклетва беше предводено од судијата на Врховниот суд Брет Кавано.