Лука Дончиќ имаше емотивно враќање со Лос Анџелес Лејкерс во домот н Далас каде што помина одличен период, но беше принуден да замине по одлуката на раководството за размена со Антони Дејвис.
Враќањето за Дончиќ донесе многу емоции, а пред почетокот на натпреварот и не можеше да ги задржи солзите. Дончиќ се расплака во моментите додека на екранот во салата одеше видео со негови моменти во дресот на Далас.
Но, овие солзи за еден Американец значеа голема заработка. Имено, тој вложил сума од неверојатн 100.000 долари обложувајќи се дека Дончиќ ќе се расплаче пред почетокот на натпреварот.
На крајот тоа и се случи, а тој дојде до добивка од 700.000 долари што значи дека од солзите на словенечкиот кошаркар заработил 600.000 евра. Медиумите во САД пренесуваат и дека автентичноста на уплатата била потврдена и таа навистина постоела.