Мексиканската морнарица запленила повеќе од четири тони кокаин и привела 11 лица за време на две брзи потери на море, соопштија властите.
Во две различни операции мексиканската морнарица запленила четири тони кокаин во Тихиот Океан.
Неколку лица беа уапсени на мексиканскиот брег на Тихиот Океан во близина на Оахака, меѓу кои и четворица странци.
https://www.youtube.com/watch?v=e6ahPm8N1PE&t=4s&ab_channel=7NEWSAustralia
На видеото што го обезбеди мексиканската морнарица се гледа офицер на морнарица кој по дива потера на море, се спушта од хеликоптер со јаже и скока во брод на кој се наоѓаат шверцери на дрога.
И двете операции резултираа со бркање со голема брзина на море. Мексиканските власти соопштија дека пронашле и повеќе од 5.000 литри гориво.
Единаесет лица се приведени и предадени на обвинителството.