(ВИДЕО) Драматична снимка: Полицаец спасува војник во Турција

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Поддржувач на турскиот претседател Таип Ердоган фрла солзавец во отворот на тенкот и со ногата го турка војникот кој очајнички се бори да излезе надвор.

Веднаш потоа низ облакот од чад се појавува војникот, се држи за главата и моли за помош, објаснувајќи дека не знае што се случува, но не му помагат.

Сепак, како што тие одбија да му поддадат рака, се појави полицаец со гас маска кој го извлече дезориентираниот војник и веројатно му го спаси животот.

Дел од близу 2000 војници колку што учествуваа во пучот, откако беа уапсени тврдеа дека им било кажано дека учествуваат во воена вежба. Работите им стабнале појасни откако им се приближиле граѓаните и почнале да се качуваат на тенковите.