(ВИДЕО) Драматични кадри: Хотел се урива во река во Перу

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Драматични снимки покажуваат како хотел се урива во река во Перу поради обилните дождови. Во земјата не престанува да врне од средата попладне.
Трикатниот хотел се наоѓал на брегот на реката. Поради водата основите се еродирани и така се колабрира. Во инцидентот нема повредени, бидејќи сите гости и вработени биле евакуирани пред зградата да пропадне.Штета има и кај други куќи кои биле поплавени. Свлечишта блокирале и многу патишта, соопштија локалните медиуми, пренесува Ројтерс.

Националната служба за метеорологија и хидрологија информира дека поројните дождови ќе има до крајот на април и ќе влијаат претежно во централниот и јужниот дел на земјата.