(ВИДЕО) „Дупер“ веќе со нов сингл и супер видео: „Тело за на ТВ“

од Vladimir Zorba
372 прегледи

По огромниот успех и неочекуваното добро прифаќање од македонската публика уште со својот прв сингл „Не сум твој тип“, македонскиот состав „Дупер“  го објави својот втор сингл во истиот урбан ритам и певлива лирика.

И за вториот нивен, најверојатно за многу скоро, хит, насловен “Тело за на ТВ“ е снимен спот во соработка со режисерот кој го изработи видеото за нивната прва песна Томи Акимовски.

Музиката, текстот и аранжманот на вториот нивен ултра модерен сингл е на самиот бенд, а снимањето е направено во  XL Студио Момироски.

Поп-бендот „Дупер“ е составен од студентите: Илчо Нечовски, вокал и бас-гитара, Мартина Баракоска, тапани и Борис Какуринов, гитара и клавир.

Тело за на ТВ (текст)

[Verse 1]
Пола град те знае
Пола град те знае, за тебе сѐ знае
Пола град те знае
Пола град те знае, за тебе сѐ знае

Ти си кралица
за тебе секој втор е пион
Во мене не гледаш
а јас барам да се скријам

[Verse 2]
Пола град те знае
Пола град те знае, за тебе сѐ знае
Пола град те знае
Пола град те знае, за тебе сѐ знае

Не правиш разлика
за тебе секој ден е убав
И не си зависна
не, не ти треба лажна љубов

[Chorus]
Имаш тело за на телевизија
Имаш тело за на телевизија
(а јас барам нешто друго, барам, барам, барам)
Имаш тело за на телевизија
Имаш тело за на телевизија

[Verse 3]
Пола град не знае
Пола град не знае, за тебе не знае
Пола град не знае
Пола град не знае, за тебе не знае

На кого мислиш во ноќите долги?
Со кој зборуваш?
Дали ти, дали ти, дали ти…

[Chorus]
Имаш тело за на телевизија
Имаш тело за на телевизија
(а јас барам нешто друго, барам, барам, барам)
Имаш тело за на телевизија
Имаш тело за на телевизија

[Outro]
Остави од себе сѐ (остави ме)
Остани во мене
Земи ме во себе

Остави од себе сѐ (во мене)
Остани во мене
Земи ме

Дали ти си среќна
Дали ти си среќна
Дали ти си среќна
Дали ти си среќна
Дали ти си среќна
Дали ти си среќна
Дали ти си
Имаш тело за на телевизија
Остави сѐ, побарај ме