(ВИДЕО) Египетски тенк прегази автомобил со експлозив и спаси над 50 цивили

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Херојска акција на екипаж на египетски тенк најверојатно придонело за спасување на најмалку 50 човечки животи, затоа што во близина се наоѓал автомобил-бомба, пишуваат светските медиуми.

Војниците во оклопното возило забележале возило кое се движело по автопат во северен Синај. Тенкот буквално го прегазил автомобилот во кој имало четворица вооружени мажи и 100 килограми експлозив.

Од видеото се гледа што се случува, цивили, разбегани во паника. Во тој моментот тенкот буквално го смачкува автомобилот и тој експлодира. Оклопното возила го презема ударот.

Според сите експерти, ако не е херојската одлука на екипажот од тенкот, жртвите ќе беа барем 50. Во последната седмица релативно мировниот до овој момент живот во Египет е пореметен, оваа држава станува нова мета за исламистите на “Исламска држава”.