Најновиот развој на воените дејствија во Сирија ја покажуваат се повеќе честата употреба од страна на ирачките и сириската владини војски на руски лансери ТОС-1 и ТОС-1А за напади врз позициите на терористите, соопшти rusvesna.su. Двата ракетни системи, познати по имињата “Солнцепек” и “Буратино” фрлаат вистински огнен дожд и ги поразуваат и најсигурните засолништа – бункерите, вкопани во земјата.
Самите терористи го нарекуваат огнот од овие оружја “пеколен”. 5 системи ТОС-1А има во вооружувањето на ирачката армија, доставени се од Русија во октомври 2015 година. Овој систем е развиен во 70-тите години на минатиот век и е многу ефикасен при борби за уништување бункери и тунели.
Истите лансери ги имаат и во сириската владина армија и ги користат почесто, раскажуваат воени дописници од местото на воените дејствија.
