Што ќе кажете ако има еден многу прост начин да запознаете некого за кратко време? Сигурно ќе речете: “Дајте го ваму!” Неодамна “Њујорк тајмс” пишуваше за едно необично истражување, направено од психологот Артур Арон пред повеќе од две децении. Во студијата, Арон успева да натера двајца непознати да се заљубат во лабораториски услови, со тоа што ги тера ги тера да одговорат на 36 прашања и да направат една едноставна работа – да го гледаат другиот во очите за четири минути.
Инспираран од оваа статија, YouTube каналот SoulPancake решава да подложи неколку парови на тестот со погледот, за да видат дали тоа ќе им помогне да создадат силна врска меѓу себе. Неколку парови кои се наоѓаат во различни фази на врската ( од целосно непознати до долгогодишни брачни партнери), биле замолени да учествуваат и да се гледаат во очите за четири минути.
Во почетокот повеќето учесници се чувствувале непријатно, но на крајот искуството им било забавно. Тие велат дека експериментот успеал да ја зголеми близината меѓу нив. “Колку е прекрасно едноставно да седам тука и како никој пат да ја гледам жена ми, без да зборуваме за работа, пари и ситуации”, вели еден од учесниците.