Најекстатичните фанови на “Џејмс Бонд” можеа да го видат трејлерот на последниот филм за тајниот агент, а судејќи по него нѐ чека уште една неверојатна авантура на 007.
Трејлерот кој излезе вчера, открива сè што очекуваме од Џејмс Бонд – брзи автомобили, експлозии, сјај и убави жени. Во лентата херојот на Даниел Крег се обидува да разбие опасна организација на име “Спектар”.
Во филмот Крег се здружил со Кристофер Валц, Ралф Фајнс и италијанската убавица Моника Белучи со која Бонд има и една жешка сцена.
Режисерот Сем Мендес, кој беше режисер и на претходната лента во 2012 година, потроши восхитувачки 1,1 милијарди долари.
Премиерата на “Спектар” е планирана за 26 октомври.