
Осум лица се повредени при експлозија на гас во рускиот град Омск. Шест од нив се во лоша состојба. Експлозијата се случила во стан на петтиот кат од станбена зграда.
Експлозијата била проследен со пожар, а од зградата се евакуирани вкупно 20 лица. На лице место има тимови на пожарникари.
Некои од жителите биле толку уплашени што скокале од прозорците на зградата, која горела и така добиле тешки фрактури.
Експлозијата се случила во стан на семејство со четири деца. Состојбата на жртвите е тешка, а едно од децата има тешки последици и се бори за живот. Во моментов работат повеќе од 100 луѓе на местото на настанот, објавија руските медиуми.