ВИДЕО: Експлозија на високонапонската мрежа на МЕПСО

од Берта Китинска
259 прегледи

Експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО е причината што Скопје oстана без струја.

Од ЕВН за „Локално“ велат дека станува збор за експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

-Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН,информираат од компанијата.

Струја попладнево немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

Се очекува МЕПСО наскоро да излезе со соопштение.

Слични содржини