Израелската полиција соопшти дека во експлозија во Тел Авив загинаа четири лица и се урна една зграда.

Портпаролот на полицијата, изјави дека истрагата е во тек за да откријат причините за експлозијата. Рече дека службата за итна помош ги пронашла телата на четири лица под рушевините и дека уште петорица се повредени и префрлени во болница.
Во извештаите на локалните медиуми, се наведува дека експлозијата се случила во складиште за градежни материјали во квартот Аџами, на југот од Тел Авив и дека најверојатно била предизвикана со електричен краток спој и протекување на гас.
Локалните жители помислиле дека експлозијата е напад на екстремисти.
„Целото подрачје се тресеше“, рече еден човек кој живее во близина.
Explosion and building collapse in Jaffa. Building totally consumed by flames. pic.twitter.com/fIFVo2P4jK
— Jessi Satin (@JessSatin) November 27, 2017