Во вчерашната прва финална вечер на музичкото талент шоу „Пинкови ѕвездички“ едната од македонските претставнички Елена Бимбилоска, на жалост го напушти натпреварувањето.85130_image-06242119ch195_af

Таа заедно со уште две Македонки, Мартија и Антонија, храбро ги бранеше боите на Македонија покажувајќи неверојатен глас и талент од емисија до емисија, настап до настап.

15 годишната стружанка овој пат се претстави со нејзиното карактеристично и маестрално оперско пеење изведувајќи ја познатата нумера “Parla Piu Piano“ oд филмот “Кум“.

“Прекрано, мене ми изгледаше како некој мјузикл“, рече Хари.

“Мене ми беше сјајна. Мислам дека ова е идеална прилика да покажеш која е твојата сериозна предност и карактеристика што те издвојува“, рече Милан Станковиќ.

Елена и покрај феноменалните коментари од жирито, го напушти шоуто заедно со уште еден натпреварувач, Ангела, бидејќи веќе од полуфиналните вечери за тоа кој ќе помине понатаму одлучуваат гласовите на публиката.

Во продолжение најдобрите настапи на неверојатната млада пејачка.

 

 

Слични содржини