Припадниците на косовската опозиција фрлаа камења и молотови коктели врз зградата во Приштина. Полицијата е спремна за евентуална ескалација, додека силите на Кфор се во состојба на подготвеност.

Тие денес одржаа нов протест на кои повторно бараа поништување на Бриселскиот договор кој се однесува на формирање на заедница на српски општини и договор за демаркација за границите со Црна Гора.