(ВИДЕО) Фијон: Нема да се предадам, ќе се борам до крај

од desk2
102 прегледи

Конзервативниот претседателски кандидат во Франција, Франсоа Фијон изјави денеска дека нема да се повлече од трката за претседател и покрај тоа што добил повик од судија поради наводите дека на сопругата и на децата им дал лажни работни места во Парлементот, јави францускиот весник „Журнал ди диманш“.

– Нема да попуштам, нема да се предадам, нема да се повлечам, ќе се борам до крај, рече Фијон.

Тој исто така нагласи дека ќе го испочитува судскиот повик и ќе биде присутен на сослушувањето, закажано за 15 март, но повторно изјави дека е невин, а дека неговото семејство „само му помагало“ во политичката кариера.

Фијон нагласи дека е цел на „политички атентат“, додавајќи дека на овој начин се „убиваат и француските претседателски избори“.

Француското Обвинителство одлучи против конзервативниот претседателски кандидат Франсоа Фијон да покрене судска истрага поради тврдењата дека на неговата сопруга и децата им дал лажни работни места во Парламентот, по прелиминарната истрага, која почна на 25 јануари. На листата обвиненија се споменува и проневерата на јавните фондови.

Тој призна дека ги вработил сопругата и децата, но тврди дека станува збор за вистински работни места.