(ВИДЕО) Филипче одговори што ќе му е политика

од Nikola Popovski
599 прегледи

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе биде со пациентите во операционата сала, но смета дека ќе може да помогне на многу повеќе пациенти и на многу негови колеги доктори како пратеник.

Филипче преку видеото, на стартот на кампањата за Парламентарните избор 2024, одговара зошто се враќа во политиката. Тој е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4.

„Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне на само еден одреден број на луѓе, а како пратеник преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти, а мојата основна цел ќе добие национални димензии“, вели Филипче во видеото.

Тој додава дека секогаш со истата жар ќе работи со пациентите и таму каде што му е местото на докторот во операциона сала.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Слични содржини