(ВИДЕО) Филипче во „Еден на еден“: Се будам околу 4 наутро така сум попродуктивен

од Берта Китинска
409 прегледи

Министерот Венко Филипче ќе му биде гостин на Жаре, во новата Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5.

Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, раскажа за тоа како изгледа еден негов обичен ден. „Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен“, му рече тој на Жаре.

Министерот раскажа за своите прогнози и даде анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.

„Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот во тимот“, рече министерот. По овој одговор, Жаре се пошегува:

„Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната „Бајпас“ е веројатно добра за операција“. Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:

Слични содржини