(ВИДЕО+ФОТО 18+) Брутални сцени: Ирачките војници влечат полуголи џихадисти на ИД по улиците на ослободениот Мосул

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Откако премиерот на Ирак соопшти дека Мосул веќе е ослободен од “Исламска држава”, војници од ирачката армија не престануваат да бараат преживеани терористи. За целосното ослободување на градот од џихадисти требаше малку повеќе од една година. Владините трупи распрашуваат луѓе осомничени за врски со исламистите.

Мажите од сликите се заробени во реонот на Стариот град, каде бандитите се кријат долго време.

Од ирачката армија се категорични дека битката со бандитите треба да продолжи.

Ако не бидат уништени сите останати во градот џихадистите на “Исламска држава” може да се обноват.

 

Пред неколку дена на интернет се појави видео на кое се забележани уништувањата нанесени на градот за време на неговото ослободување од џихадистите.

На 9 јули, премиерот на земјата Хајдер ал Абад пристигна во Мосул и најави негово ослободување и се заблагодари на “јунаците и на ирачкиот народ”.