
Во дагестанскиот град Кизлјар непознато машко лице велејќи Алак Акбар отворило оган врз толпа од луѓе, кои излегувале од црква по литургија наменета за Сирни Заговезни.
“Според прелиминарните податоци, петмина загинаа, а неколкумина други се повредени.”, откриваат од полицијата во Дагестан.

По пукањето, убиецот е ликвидиран од страна на полицајците. Медиумите наведуваат изјави на сведоци, дека мажот бил забележан и порано пред црквата заедно со неговата сопруга, која исто така била вооружена и пукала, но во еден момент побегнала. Во моментов се пребарува теренот и полицијата трага по неа.

Идентитетот на убиецит е Халил Хахилов, роден 1995 година. Според зборовите на полицијата, сите жени се враќале од служба во храмот.
Досега сторителот не бил забележан како сторителот на кривични дела или бил поврзан со радикални струи. “Околу 16.30 еден непознат човек пукал од ловечка пушка врз мирни граѓани, вклучувајќи и двајца полицајци”, открива извор на истрагата.


Локалните медиуми веќе објавија застрашувачки фотографии по пукањето. На една од нив се покажува ловечката пушка со кој човекот пукал. Во меѓувреме, се појави и видео на интернет