(ВИДЕО+ФОТО) Десетици илјади покажаа лојалност кон Ким Џонг Ун на митингот против заканите на САД

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Десетици илјади граѓани на Северна Кореја излегоа на улиците, за да го покажат својот силен дух и непокорност по заканите искажани од американскиот претседател Доналд Трамп, кои се упатени на адреса на земјата, соопштува “Дејли Меил”.

Севернокорејци се собраа на митингот на плоштадот Ким Ил Сунг во центарот на Пјонгјанг во средата, а фотографиите покажуваат како граѓаните држат пропагандистички слогани и мавтајќи со тупаници во воздух.

Кадрите покажуваат како илјадници севернокорејски работници, облечени во бели кошули, луто маршираат на плоштадот, мавтајќи со знамиња. Елитната класа, облечена во црно, ги поздравува работниците.