(ВИДЕО+ФОТО) Девојки во венчаница го „нападнаа Путин на Црвениот плоштад„

од Vladimir Zorba
129 прегледи

1473922269-cr-u5xw8aakahz-1
Десетици невести го нападнаа рускиот претседател Владимир Путин на Црвениот плоштад. Судејќи од информациите на социјалните мрежи, девојките биле вклучени во настаните посветени на 869-тиот роденден на Москва кој беше одбележан на 10 септември, пишуваат руските медиуми.

За средбата на Путин со “младоженките” на Црвениот плоштад објави на Twitter новинарот Дмитриј Смирнов. Тој поставо слика, на која девојките во свадбените облека се опкружени рускиот претседател, за да направатот на селфи.

1473922423-sistemen-bufer-9

Смирнов објавува и видео на кое шефот на државата оди по Црвениот плоштад заедно со премиерот Дмитриј Медведев и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и како случајно има средба со толпата невести. Путин ги поздравува девојките и се согласува да се слика. “Убавиците”, го забележаа.

Интернет корисниците веднаш се заложија да го откријат идентитетот на девојките во бело. Една од нив – evgenia_alex, сподели фотографија со Путин и не крие дека сè било изрежирано и самата таа не била невеста. Од профилот и станува јасно дека често учествува во слични настани. Таа се занимава со реклама и бара други убавици, кои ќе учествуваат во вакви настани.

Од податоците на друга “младоженка” исто така, станува јасно дека настапот на шефот на Црвениот плоштад била однапред организирана. Исто така и Људмила Василјанскаја постави слика од местото, а текстот над неа гласи “Во очекуваме на пробата”.

https://youtu.be/PT0j54JoKeM

Покрај тоа, “невестата” е објавено и видео од генералната проба со венчаница. Не недостасува и видеоснимка од средбата со претседателот. Људмила работи како модел и на нејзиниот акаумнт има многу други слики.