
Најмалку 36 лица загинаа, а над 95 беа повредени во судир на возови Иран, пренесува “Ројтерс”. Несреќата се случила во провинцијата Семнан на железничка магистрала, која што го поврзува главниот град Техеран со вториот ирански град Машхад.
Поради техничка грешка или поради мраз експресниот воз требало да застане помеѓу две железнички станици. Но, машиновозачот сепак не знаел и се движат кон друг воз, кој бил запрен, а во композиција удрил со голема брзина. Два од последните вагони на експресниот воз пламнале, а четирите први вагони на втората композиција излетале од шините.

Идентификувани се 31 жртва, а повредените се хоспитализирани.