(ВИДЕО+ФОТО) Идниот личен супер автомобил на Путин

од desk2
77 прегледи

Идниот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин е подложен на тестови на замрзнатото езеро во Шведска. Интернет изданието Motor1 тврди дека има слики на кои, како што тврдат неколку извори, се гледа како се одвиваат тестирањата на проектот “моторизираната придружба”.

Проектот започна уште во 2012 година со цел создавање на автомобил за првите лица на Русија. Од наведените автомобили ќе има седани, лимузини, миниванови и џипови.

 

На фотографиите се гледа дека седанот личи на Rolls-Royce и Bentley. Претходно стана познато дека првите автомобили од предметниот проект ќе бидат склопени на почетокот на оваа или наредната година.