
За сега 21 лице загинаа во експлозија при колапс во рудник за јаглен во иранската провинција Голестан, која се наоѓа во североисточниот дел на земјата, пренесува Интерфакс.

“На површината се извадени телата на 21 загинат рудар”, истакнаа локалните власти, додавајќи дека уште 32 лица се блокирани во рудникот.

На местото на инцидентот работат спасувачки екипи. Во моментов причината за експлозијата не е позната. Во рудникот работеле над 500 лица.