(ВИДЕО+ФОТО) Најмалку 40 загинати при две експлозии во Дамаск

од desk2
96 прегледи

Најмалку 40 лица загинаа денеска при експлозија на две бомби во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Сириските државни медиуми јавија дека двете експлозии се случиле во стариот дел на Дамаск и дека има голем број на загинати и ранети.

Истите извори информираа дека двете бомби „поставени од терористи“, експлодирале крај гробиштата во населбата Баб Мусала, во близина на една од седумте порти за влез во стариот дел на Дамаск.

Според некои медумски извештаи, прво експлодирала поставена бомба, а на набрзо потоа на истото место се саморазнел бомбаш-самоубиец.

Телевизијата Ал-Мајаден јави дека цел на нападот биле автобуси со кои на гробиштата пристигнале шиитски верници.