Научниците од НАСА открија купишта на планети, кои личат на јадрото на Сончевиот систем. Системот има седум слични планети како на Земјата, а на минимум три од нив имаат потенцијал на нивната површина да има течна вода и живот.

Ѕвездата околу која кружат, е помала и поладна од Сонцето, објави истражувач на американската вселенска агенција.
Според првичните податоци, планетите се наоѓаат на околу 40 светлосни години од Сонцето. За разлика од нашиот систем, во новата има повеќе планети кои наликуваат на нашата Земја, отколку на останатите планети во нашата, меѓу кои има карпести и гасни небесни тела.
Ова е прв случај во кој научниците успеваат да најдат толку многу планети од земен тип со релативно пријатна клима и потенцијал за откривање на живот.
Сите планети со големина слична на Земјата – радиусот им е од 0.7 до 1.08 од радиусот на нашата планета. Масата е од 0.41 до 1.38. Соодветно на тоа, нивната густина е еднаква или речиси еднаква на Земјата. Тоа зборува за карпеста природа или за тоа дека тие се планети-океани.
Откриените планети се вртат околу ѕвезда со името TRAPPIST-1. Таа се наоѓа во соѕвездието Водолија. Според зборовите на научниците, информациите за присуството на живот таму може да се појави во следните десет години.
“Луѓето ќе добиваат се повеќе и повеќе вести за овој систем во следните месеци и години. Историјата допрва почнува “, вели еден од авторите на студијата, белгискиот научник Микаел Гилон.