(ВИДЕО+ФОТО) Oгнен пекол за 512 патници, кои се возеле во ферибот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

1471442621-puerto-rico-ferry

Огнен пекол избувна на ферибот, кој превезувал 512 лица. Сите патници се евакуираат од бродот, соопшти independent.co.uk. огнената стихија се случила крај бреговите на Порторико, јави американската крајбрежна стража.

1471442621-11
Бродот The Caribbean Fantasy, пловел од Санто Доминго во Доминиканската република кон Сан Хуан.

Сигналот за пожарот е добиен во 7,42 по локално време. Според првичните податоци огнот тргнал од машинското оделение на бродот.

Вработени на крајбрежната стража изјавија дека фериботот е на една милја од пристаништето на Сан Хуан.