Распространети се првите фотографии од ослободениот од цихадистите на ИД, Палмира.

Сликите се распространети од новинарот на АNNA News. На кадрите се гледа античкиот амфитеатар, кој останал неповреден по притисокот на терористите.

Претходно беше соопштено дека армијата на Сирија со поддршка на ВКС на Русија е завршена операцијата за заземањето на Палмира. За тоа беше информиран претседателот на Русија Владимир Путин, од страна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.


Во меѓувреме сириското Министерство за одбрана објави снимка со учество на руски хеликоптери, која ја напаѓаат ИД до западните врати на Палмира. На нив се гледа како исламистите ги повлекуваат своите сили.
Над градот кружат руски хеликоптери “Ноќни ловци” Ми-28 и “крокодил” Ми-35. Во исто време терористите оставиле голем број смртоносни стапици во градот. Во Палмира демнат и терористи-камикази. Се појавија и првите фотографии на руските офицери, кои го ослободиле градот. Токму од руски офицери беше развиен планот за ослободување на историскиот град

