Во експлозија на автомобил-бомба загинаа 32 лица, а околу 40 се повредени

Ирачки медиуми поставија видео од местото на експлозијата, која избувна денеска во шиитскиот реон Садр во Багдад. Во експлозијата загинаа 32 лица, а околу 40 беа повредени.
Автомобилот бомба експлодира во близина на пазар.. Од експлозијата настрадале многу згради. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група “Исламска држава”.