(ВИДЕО+ФОТО) Пукано од Калашников во Барселона, има повредени

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Пред малку вечерва имало престрелка во Барселона во близина на сала за одржување на жални церемонии

Според прелиминарните податоци непознато лице отворило оган врз двајца полицајци. Тој пукал од прозорец на паркиран автомобил и избегал со зелена “Алфа Ромео”.

Двајцата униформирани службеници се повредени, пишува Life.ru. Според полицијата истрелите биле испукани од автомат АК-47. Во моментов интезивно се трага по напаѓачот.