(ВИДЕО+ФОТО) Силна експлозија ја потресе Барселона: Неофицијално 14 повредени, а еден е загинат

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Инцидентот се случил во одморалиштето Премиа дел Мар.

1474198732-bl1

Силна експлозија потресе станбен блок во Барселона, пренесува “Индипендент”.

Експлозијата направи парчиња од вториот кат од станбена зграда во одморалиштето Премиа дел Мар, кој се наоѓа северно од каталонската престолнина.
“Експлозијата се случи во 8.25 часот. (По локално време) и влијаела врз 15 лица – 14 засега се повредени, а едно починало„, објасни неофицијално портпаролот на екипите за итна помош.

Двајца од повредените се во тешка состојба. Зградата и околните блокови се евакуирани.

1474198732-bl2

Засега причините за жестокиот инцидент не се познати. На местото пристигнале техничари, експерти за гасификација. Тоа наведнува на претпоставката дека станува збор за инцидент со истекување на гас.