(ВИДЕО+ФОТО) Сириската армија продолжи да ги протерува терористите од Џобар предградие на Дамаск

од desk2
102 прегледи

Сириската армија ја продолжува својата успешна офанзива, со цел да ги истурка џихадистите од источниот дел на Дамаск – предградието Џобар. Во вторникот на чело со 105-та бригада на Републиканската гарда, борците на сириската армија успеале да уништат и заземат голем број упоришта на терористите, лоцирани во западниот дел на Џобар, соошти Рускаја Весна.

Со поддршка на ударите на воената авијација, тешка артилерија и тенкови, армијата успеа да разбијат тврдините на радикалните исламисти од групите “Фајлак Ал Рахман” и “Хајат Тахрир Ал фстаци”, како и тоа да уништат голем број терористи, благодарение на добро планираната операција.

Во средата сириската армија ја продолжи успешната операција во Џобар, напаѓајќи ги силите на непријателот во североисточниот регион на ова предградие на Дамаск. Во средата наутро во главниот град на Сирија избувнаа моќни експлозии: операцијата на сириската армија започна со лансирањето на ракети класа “земја-земја”. Следувале тешки воздушни напади, нанесени од ВВС на Сирија по позициите на терористите во реонот на индустриската зона.

Повеќето од борбите се случиле во реонот на електричната станица, каде владините сили успеале да заземат голем број згради. Исто така силите на сириската армија откриле и уништија подготвен од терористите тунел, кој ги спојува Харан со меѓународниот автопат.