(ВИДЕО+ФОТО) Страшниот ураган “Харви” удри на брегот на Тексас – вонредна состојба во 30 окрузи

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Ураганот “Харви” удри на брегот на Тексас проследен со поројни дождови и ветер со брзина од околу 60 м /ч, пренесоа агенциите, повикувајќи се на американскиот Национален центар за набљудување на ураганите.

Невремето се движи кон северозапад кон внатрешноста на државата со брзина од околу 3,6 м/с.

Гувернерот на Тексас Грег Абот прогласи вонредна состојба на територијата на 30 јужни окрузи на државата. Американскиот претседател Доналд Трамп стави со потпис на акстот за спроведувањето на мерката за справување со последиците од природната стихијата, која се движи кон државата.

Во пораката од Твитер, тој рече дека “ова би можело да биде секаква можна државна помош”. Повеќе од 4,5 милиони луѓе живеат во вонредната област. Во најмалку осум окрузи е прогласена задолжителна евакуација, а во други тоа е со препорачан карактер. Властите во Тексас, сепак, не можат да кажат колку луѓе ги напуштиле своите домови.

 


Претходно утрото, американскиот Национален центар за урагани објави дека Харви го достигнал четвртиот степен, објави АП. Во извештаите тој е опишан како “жива закана”.

Според нив, дождот може да предизвика големи поплави, а ураганските ветришта се закана за оштетување на домовите. Некои области може да останат без струја неколку недели. Во неколку земји на државата е можно да паднат вкупно 900 милиметри дожд на метар квадратен. Харви е најмоќниот ураган што минува низ територијата на САД во последните 12 години. Во 2005 година, ураганот Катрина го погоди брегот на Луизијана, уништувајќи голем дел од Њу Орлеанс.