(ВИДЕО+ФОТО) Трамп и Мелани слетаа во градот на љубовта – Париз: Мелани повторно ги засени сите

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани слетаа во француската престолнина. Двајцата се во Париз, за ​​да присуствуваaт на парадата по повод националниот празник на земјата – Денот на Бастилја.

За време а посетата Трамп и ќе одржи преговори со францускиот колега Емануел Макрон. Авионот на Трамп е слетал на парискиот аеродром “Орли”. Претседателот и Мелани беа пренесени кон резиденцијата на американскиот амбасадор во централниот дел на француската престолнина.

Париз е блокиран поради посетата, воведени се драконски мерки на безбедност.

По пристигнувањето во француската престолнина првата дама на САД ја посети париската педијатриска болница “Некер”.

Тоа беше и првата манифестација од програмата, која ќе следува во рамките на посетата на Доналд Трамп во Франција. Мелани беше поздравена од претставниците на здравствените власти во Париз. Потоа таа се сретна и со некои од младите пациенти.

На сите таа им направи извонреден впечаток. Таа беше во исклучително елегантна облека во црвена боја.

Посетата на претседателот и првата дама започна со проблеми за новинарите, кои го придружуваа американскиот лидер Доналд Трамп во Франција, откако дел од колоната автомобили на шефот на државата ја згреши насоката.

Некои улици беа затворени додека моторизираната придружба на Трамп се придвижи кон резиденцијата на амбасадата на САД, но автомобилите во опашката свртија во погрешна насока.

Новинарите се беа загубиле.Тие не успеаја да документираат пристигнувањето на Трамп во резиденцијата. На крајот новинарите беа донесени во резиденцијата.