(ВИДЕО+ФОТО) Воени британски авиони кружат над рускиот носач на авиони “Адмирал Кузнецов”

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимки од воздух, на кои се прикажува како британски воени ловци ја придружуваат руската воена морнаричка група, предводена од тешкиот носач на авиони “Адмирал Кузнецов” во Ла Манш. Спотот е објавен од Daily Mail.


На кадрите се гледаат два воени ловци на Кралските воздухопловни сили тип Typhoon кои со мала брзина ги придружуваат руските бродови.

“Адмирал Кузнецов” и другите руски бродови го поминаа Ла Манш на 24 јануари. Тие пловат кон Североморск по исполнувањето на борбени задачи во Сирија. Претходно беше соопштено дека руските бродови во Ла Машн биле пресретнати од шест брода на НАТО. Исто така кон руската воена морнаричка група опасно се приближил американски разузнавачки авион. Според информациите, Р-8А Poseidon прелетал само на 150 метри височина над “Адмирал Кузнецов”.