(ВИДЕО) FT: Резултатите од средбата за Грција ги разочараа учесниците

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Дописникот на Financial Times Данкан Робинсон изјави дека учесниците во неуспешната средба на Советот на министрите за финансии од Еврогрупата се разочарани од резултатите.

“И покрај јавниот оптимизам, претставниците од двата табора се разочарани. Конспектирам: склучувањето на договорот “не е премногу” близок “, напиша на Твитер Робинсон.hqdefault.jpg37

Повеќето Министри кои излегуваа од зградата Lex во Евроквартала, каде што се одржуваат средбите на Еврогрупата, жизгледаа изморени и одбиваа коментар. Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард исто одби коментар.

За возврат, комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи соопшти по крајот на средбата дека не губи надеж за постигнување на компромис по прашањето за почетокот на преговори со Грција за нов пакет од кредити во замена за реформи, пишува The Guardian. Прашањето за обемот на можните нови кредити за Грција од ЕУ не билп разгледувано во текот на седницата на Советот на министрите за финансии од еврозоната. Ова го соопшти извор запознат со преговорите.

“Тие дискутираа само за прашањето за реформите”, изјави изворот, запрашан за износот на новите кредити.

Еврогрупата ја откажа прес-конференцијата по состанокот за Грција, која траеше 9 часа. Таа ќе се собере повторно денес. Близок извор до европското раководство го именуваше времето во кое ќе започнат двете средби на лидерите на земјите од ЕУ, кои треба да се одржат денес. Според неговите податоци, средбата на лидерите од еврозоната ќе започне во 18:00 часот по македонско време. Заедничката средба на сите лидери на земјите-членки во ЕУ ќе започне малку подоцна – околу 20:00 часот по македонско време.

Советот на министри за финансии во саботата ја разгледа оценката на ЕК, ЕЦБ и ММФ за финансиските потреби и одржливоста на јавниот долг на Грција, како и предлозите на земјата за реформи во замена за нови кредити. Целта на средбата беше да се утврди исполнувањето на условите за почеток на преговорите со Грција.