Галеб украде од германски турист камера GoPro, по што си направи селфи.
Мартин Лозано посакал да сними еден галеб бидејќи му се видел забавен. Тој ја прицврстил камерата на рамна површина, кога птицата одеднаш ја грабнала со клунот и одлетала.
За околу минута Галебот успеал да сними голема површина од живописното шпанско атлантско крајбрежје, каде Германецот бил на одмор. “Направените кадри беа доста импресивни. Самиот јас не би можел да снимам такви”, признава во смеа Лозано.
По некое време птицата ја пушта камерата и позира пред неа, макар и несвесно. Потоа повторно ја фаќа и се тетерави назад кон местото од каде ја зема. Таму германскиот турист успева да си ја собере камерата назад.