(ВИДЕО) Генетски модифициран свински бубрег трансплантиран на жена

од Milan1
35 прегледи

50-годишна жена од Алабама се чувствува подобро и повеќе не е на дијализа, откако во долга операција минатиот месец и беше трансплантиран генетски модифициран бубрег на свињи, соопшти денеска клиниката Лангон на Универзитетот во Њујорк.

Тована Луна еднаш ѝ донирала бубрег на својата мајка, но во 1999 година се соочила со откажување на преостанатиот бубрег по компликации за време на породувањето и поврзаниот висок крвен притисок.

Клиниката на „NYU“ во соопштението наведе дека помалку од еден процент од донаторите на бубрези имаат проблеми со откажување на бубрезите и дека во такви случаи се ставаат на врвот на приоритетната листа за трансплантација.

Во 2016 година Луна мораше да започне со дијализа, а во 2017 година беше ставена на списокот за трансплантација, но беше невозможно да се најде соодветен донатор поради невообичаено високата пропорција на антитела во нејзината крв, пишуваат медиумите.

По осум години и со сè полоша крвна слика која повеќе не поддржува дијализа, американската ФДА одобри трансплантација на свински црн дроб со десет генетски модификации, која сè уште е во експериментална фаза, поради опасни по живот услови.

Седумчасовната хируршка интервенција беше трета во која свински бубрег беше пресаден во човечко тело, но Луна е единствениот жив човек со овој орган со десет модификации и единствениот жив човек со вграден свински орган, според написите.

Десетте генетски модификации вклучуваа отстранување на три имуногени и отстранување на рецепторот на свинскиот хормон за раст (GHR), како и додавање на шест човечки трансгени, за да се направи бубрегот покомпатибилен и да се намали можноста за отфрлање.

По единаесет дена болничко набљудување, Луна на 6 декември е пуштена дома во Њујорк, но ќе продолжи да доаѓа на редовни прегледи секој ден, се вели во соопштението.

Слични содржини