Голем конвој на платеничката група „Вагнер“ рано утринава пристигна во Белорусија, јавуваат белоруските медиуми.
Колоната тргнала преку Рохачов во правец кон Бобрујск, а потоа кон Осиповиќ. Трасата покажува дека се движела кон шаторскиот камп во селото Гол.
Најмалку 60 возила биле забележани во конвојот, вклучувајќи камиони, големи камиони, комбиња и најмалку 3 патнички автобуси. Конвојот беше придружуван од белоруската сообраќајна полиција.
❗️ Крупная колонна ЧВК «Вагнер» прибыла в Беларусь, – «Беларускі Гаюн.
Сегодня утром замечена колонна легковых и грузовых автомобилей на номерах так называемых ДНР/ЛНР. Маршрут указывает на то, что она двигается в палаточный лагерь в д. Цель. pic.twitter.com/TNVEnaH6DW
— 🇵🇱Zły niedźwiedź🇺🇦 (@RomanKLGD) July 15, 2023
Вчера, министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека вагнеровците почнале да ја обучуваат белоруската армија.
Еден од камповите ќе биде лоциран во близина на градот Осиповиќи. Од границата со Украина е оддалечен на 200 километри.