(ВИДЕО) Големи поплави во Италија

од Milan1
114 прегледи

Регионот Емилија Ромања, во североисточна Италија, повторно е поплавен. Поради поројните дождови и излевањето на реките, голем дел од градот Болоња и регионите Модена, Реџо Емилија, Равена и Пјаченца беа поплавени. Како што соопштија утринава од префектурата Болоња, во областа Пјаноро е пронајден мртов маж (20), кој со својот автомобил го однеле надојдените води. На истиот простор продолжуваат напорите за пронаоѓање на исчезнато лице.

Градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре, од саботата вечер ги повика жителите да избегнуваат секакво движење и да се качуваат на највисоките катови и покривите на станбените згради.

Справувањето со различните проблеми беше уште потешко бидејќи временската прогноза не споменуваше толку силен бран на лошо време.

Поради поплавите заседаваше и оперативниот комитет на италијанската цивилна заштита, за да им пружи дополнителна помош на луѓето кои беа принудени да ги напуштат своите домови. Штетите за земјоделскиот сектор во оваа фаза се непроценливи.

Денеска се очекува бранот на лоши временски услови да се прошири кон Долна Италија и особено во пошироките области на Неапол, Бари, Калабрија регионот Базиликата. Конечно, во областа Венето во североисточна Италија, беше одлучено да се одложат сите аматерски фудбалски натпревари поради лошите временски услови.

Слични содржини