Претходно овој месец, Google го лансираше Android Pay во потег што ја сврте постоечката апликација Wallet на компанијата во peer-to-peer сервис за исплаќање. Новата апликација отиде во живо на Android кога новата услуга за плаќање започна на 10 септември, денеска слета и на iOS, исто така.
Новата Google Wallet апликација за iOS е целосно обновена со овој фокус во peer-to-peer. Со новиот Pay.me сервис на PayPal, Square Cash, Facebook, и дури Snapchat, конкуренцијата е голема и постојат многу компании во простор на peer-to-peer плаќање. Еден од значајни аспекти на Google Wallet е тоа што им овозможува да испратат пари на било кој во САД користејќи ја само е-мејл адреса, лицето дури и не му треба да ја има/ја користи услугата Wallet.
Можете да нарачате Google Wallet Card во апликацијата на вашиот телефон. Главната придобивка од тоа е тоа што Ви овозможува да трошите од дебитна на вашата сметка физички во продавници, или да повлечете од банкомат за да се добие пари во кеш во вашите раце. Друга алтернатива е да го исплатите износот на сметката на дебитна картичка или банковна сметка која е поврзана со вашиот профил.
Може да го симнете ревидираната верзија на апликацијата Google Wallet тука.
