Шлепер на кој се превезувале автомобили се запали на автопатот А3 од правец на Загреб.
Надлежните служби пријавата за пожарот ја добиле денеска околу 10:20 часот. Шлеперот кој превезувал користени автомобили бил со словенски регистерски ознаки.
„Поради пожар на камионот во прекин е сообраќајот на автопатот А3 Брегана-Липовац помеѓу клучките Поповача и Кутина во правец на Липовац. Сообраќајот е пренасочен и се води по заобиколен пат“, велат од ХАК.