ВИДЕО: Гори складиште за нафта во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Пожарот, кој денеска избувнал во складиште за нафта во населбата Волна во Краснодарската област на југот на Русија, се проширил на 1.200 метри квадратни, соопшти функционерот на локалната администрација Фјодор Бабенков.

„Отидов на местото на настанот во населбата Волна, во објектот Таманјефтегаз работат специјалните служби. Површината на пожарот е 1.200 квадратни метри, нема жртви“, напиша на Телеграм административниот шеф на областа Темрјук Бабенков, пренесе ТАСС.

Претходно шефот на Краснодарската област Вењамин Кондратиев објави дека во областа Темрјук во таа област се запалил магацин со нафтени деривати, пренесе РИА Новости.

Кондратиев на Телеграм напиша дека според првичните информации нема жртви или повредени.

„Нема опасност за жителите на селото Волна“, изјави Кондратјев, наведувајќи дека причината за пожарот не е позната.

Слични содржини