ВМРО-ДПМНЕ со интонирање на химната и во присуство на партиското раководство и голем број членови, го обележа Денот на македонската борба, роденденот на партијата. Не дојдоа или не беа поканети, исклучените седум пратеници, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, екс министерот за здравство Никола Тодоров, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, но и на почесниот претседател Никола Груевски.
Во видеата на 1тв ви ја пренесуваме прославата на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Македонскиот народен театар.
