
Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ организираше перформанс кај градскиот парк во Скопје како најфреквентно место во недела со цел до жителите да стигне сознанието колку е важно сите да излезат на изборите-пренесе А1он.
Активистите пристигнаа и излегоа од шарениот камион на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ и низ перформанс и музика кај фонтана, пред паркот го упатуваа апелот граѓаните масовно да излезат на претстојните избори, да гласаат по сопствено убедување и волја и да пријават каква било злоупотреба на институциите, како закани, заплашувања и притисоци врз избирачите.
Повеќе ТУКА