Груевски, со неколкумина министри, денеска присуствуваше на состанок на шесте премиери од Западен Балкан, со еврокомесарот Јоханес Хан и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, посветен на проектите за инфраструктурно поврзување на регионот.
Груевски немаше има билатерална средба ниту со Хан, ниту пак со Могерини, високата претставничка за безбедносна и надворешна политика иако билатерални средби се одржаа со претставниците на сите останати земји од западниот балкан.
“Целосно сме свесни за ситуацијата во поранешната југословенската република Македонија. Можеби знаете дека денеска во заклучоците на советот на ЕУ има неколку изјави: има растечка загриженост помеѓу земјите членки за развојот во земјата и од друга страна европското семејството ги препознава напорите на некои европратеници да посредуваат за политичко решение.Исто така итно ја повикувам опозицијата да се врати во Парламентот, таму да имаат истражна комисија која ќе се занимава со ова од политичка перспектива, но ова не смее да значи неотварање на кривичниот аспект на случајот. Има две димензии: кривичната и политичката и позицијата на ЕК е јасна, двете области да се отворат и да се решат на конструктивен начин.”, изјави Хан по средбата со балканските лидери.
Во брисел е и заменик-претседателката на СДСМ, Шекеринска, но најверојатно, нема да имаат директна средба.